На соиграчите им „пукна филмот“ од однесувањето на Џоел Ембид

Џоел Ембид повторно е во центарот на вниманието во американската спортска јавност. Репрезентативецот на САД неодамна беше суспендиран поради нападот врз еден новинар и колумнист, а сега повторно е во „клинч“ со дел од своите соиграчи, кои полека го губат трпението со неговото однесување. 

Медиумите пишуваат дека играчите имале состанок на кој Ембид требал да се појави, но задоцнил 45 минути, нешто што било оквалификувано како непочитување за своите колеги. Дел од нив разговарале со управата и го искажале својот револт од неговото поведение, сметајќи дека тоа директно влијае врз резултатите на тимот. 

Самиот кошаркар се обиде да ги демантира овие гласини и изјави дека „некои медиуми само измислуваат приказни за да направат раздор во екипата“, но има и такви кои веруваат дека тој наскоро би можел да биде „трејдуван“ и преселен во друга НБА франшиза. Џоел Ембид е во Филаделфија од 2014 година.