На повидок трејд на Грифин во Нагетси

Еден од најдобрите крилни центри во НБА лигата, Блејк Грифин би можел да биде трејдуван во Денвер Нагетс. Американските медиуми веќе почнаа да шпекулираат дека челните луѓе на Клиперси веќе започнале преговори со Денвер за преселба на нивниот играч, а во спротивен правец може да заминат Кенет Фарид и Данило Галинари.

26-годишниот Грифин моментално е надвор од акција поради скршеница на раката, а на терените се очекува да се врати за неколку недели. Тоа е една од причината поради која неговите претпоставени размислуваат да го разменат.

Меѓутоа првите луѓе на Л.А Клиперс имаат план на лето да влезат во трката за потпис на Кевин Дурант, па можно е тогаш да го искористат проблематичниот Грифин за да го доведат еден од најдобрите играчи во НБА лигата. Исто така, во Оклахома би го пратиле и Крис Пол за да ги добијат услугите на нивниот бек Расел Вестбрук.

Во текот на оваа сезона Блејк Грифин е најдобриот играч на Клиперси со просек од 23 поени и 9 скока по натпревар.