• Мартин Танасковски

Екипата на Партизан беше на прагот да ја прекине добрата серија на Цедевита Олимпија, меѓутоа во последниот период одигра лошо и доживеа пораз (81-79), четврти оваа сезона во АБА-лигата.
Во преполната сала "Тиволи“ се одигра меч за кој долго ќе се зборува. Партизан беше во одлична позиција да го сопре словенечкиот тим, но на крајот гостите од Белград влегоа во неверојатна серија на грешки и промашувања, па му дадоа на домашниот тим да направи пресврт од 69-77.
Јака Блажиќ беше најдобар кај Цедевита Олимпија со 25 поени, пред Зоран Драгиќ со 14 поени, додека кај Партизан, Аврамовиќ даде 21, пред Пунтер со 18 поени.
Цедевита Олимпија е во низа од шест победи во АБА-лигата, се наоѓа на третото место со скор 15-7, додека Партизан е лидер со 19-4, пред Црвена Звезда со 19-2 и два меча помалку.