На Дејвис поважен му е ЛА Лејкерс, па се откажа од Мундобаскетот

Како што пренесуваат медиумите од САД, Ентони Дејвис, нема да се појави на подготовките на својата селекции за претстојното Светско првенство во Кина

Најдобрите американски кошаркари под водство на легендарниот Грег Попович на почетокот на август ќе ги стартуваат подготовките за Мундобаскетот, но без новата ѕвезда на Лос Анџелес Лејкерси. 

Дејвис пред извесен период се реши од Њу Орлеанс да се пресели кај Лејкерси и наводно донел одлука летото да го искористи за што подобро да се подготви за предизвиците во новиот клуб. 

Еден од најдобрите центри на НБА лигата во 2012 година го имаше своето деби за САД на еден голем настап. Беше дел од Летните Олимписки Игри во Лондон, а подоцна стана и светски шампион во 2014 година.