На 25 години почина поранешен кошаркар на Портланд и Сакраменто

Поранешниот кошаркар на Портланд Треил Блејзерс и Сакраменто Кингс во НБА лигата, Кејлеб Свониген почина на само 25-годишна возраст. 

Момчето кое настапуваше на центарските позиции имаше проблеми со вишок килограми, па поради тоа беше нарекуван „Биги“. Тој почина поради непознати причини за јавноста, на млада возраст. 

Свониген преку универзитетот Пердју дојде до НБА лигата и беше избран на драфтот во 2017 година од Портланд. Тој беше одбран во првата рунда, а освен во НБА играше и за Кантон Чарџ и Тексас Легендс. Во 2019 година прејде во Сакраменто и играше за нивниот развоен тим, година подоцна се врати во Треил Блејзерси и на само 23 години ја заврши кариерата.