МЗТ врза четири победи во серија, паднаа и Спарси во АБА-2

Македонскиот кошаркарски првак МЗТ Скопје забележа нов успех во регионалната АБА-2 лигата и дојде до четвртата победа во натпреварувањето. Падна еден од конкурентите за највисок дострел, тоа е Спарс од Сараево (77-88).

„Штрковите“ на Радуловиќ врзаа добра серија и се меѓу најдобрите во лигата. Ова е втора победа за МЗТ Скопје во овој „балон“ во БиХ, а и во следниот натпревар македонскиот претставник ќе влезе како фаворит затоа што се среќава со Ловќен од Цетиње.

Натпреварот беше неивзесен само во првиот квартал, кога резултатот на семафорот гласеше 17-17. Тогаш, македонскиот тим направи серија од седум поени и на пауза замина со предност (17-14), а во вториот квартал се дојде и до двоцифрена позитива која потоа константно се одржуваше и противникот ниту еднаш не се закани дека може да го добие натпреварот.

Најдобар кај МЗТ Скопје беше Ваер со 23 поени, пред Рикиќ со 17 и Мекиќ со 12 поени. Во тимот на Спарс, Дурник постигна 17 поени. Следниот натпревар аеродромци го играат на 19 декември, а имаат скор 5-1 во моментов, додека пред нив е само перфектниот Борац.