МЗТ Скопје во последната четвртина го скрши отпорот на жилавиот Фени

Во последниот натпревар од 18. коло од првата кошаркарска лига, во малата сала на СЦ „Јане Сандански“, МЗТ Скопје го совлада тимот на Фени Индустри со 82-75 (24-21, 25-25, 14-14, 19-15). На денешниот натпревар актуелниот шампион настапи без Бојан Трајковски и Дарко Соколов, но и тоа не беше доволно гостите од Скопје да си заминат со позитивен резултат.

Металците подобро го оворија денешниот натпревар и на половина од првата четвртина по тројката на Симоновски поведоа со +10 (16-6). Но, гостите од Кавадарци брзо се созедоа и на мала пауза заминаа со негатива од -3 (24-21). Позитивната игра од крајот на првата четвртина гостинските кошаркари ја продолжија и во втората, па по тројката на Петровски поведоа со 24-26.

До крајот на втората четвртина кошаркарите на МЗТ Скопје не најдоа решение за расположените Вокер (13 поени) и Пајиќ (14 поени), па на полувреме тимот на Фени Индустри замина со активен резултат и негагатива од само -3 (49-46). Kaj „штрковите“ во првиот дел отскокна Крафорд, кој постигна 13 поени со погодени три тројки од пет обиди.

Во продолжение избраниците на Лукајиќ беа подобар ривал на теренот и повторно на средината од четвртината, по серијата од 6-0 се одлепија на +9 (56-47), кои пред последните десет минути изнесуваа само +3 (63-60). Во нив се играше цврсто и без многу постигнати поени, а во таквата игра на крајот поуспешни беа кошаркларите на МЗТ Скопје и сосема заслужено ја запишаа 13. победа во македонскиот шампионат.

Најефикасен во победничкиот тим беше Дамјан Стојановски со 19 поени, Лалиќ запиша 17 коша, а Спасојевиќ го заврши мечот со 13 поени. Во тимот на Фени, најефикасен со 23 поени беше Американецот Вокер.

Во наредното коло МЗТ Скопје на гостински терен го игра дербито против непоразениот Работнички, а Фени Индустри гостува кај Кожув.