МЗТ во плеј-офот на АБА2 со Земун, Работнички по опстанок со Хелиос

Екипата на МЗТ Скопје победнички го заврши регуларниот дел од втората АБА лигата и го продолжи својот поход кон промоција во елитата на регионалното натпреварување. 

„Аеродромци“ обезбедија учество во четвртфиналето, каде ги борба со српскиот тим на Младост Земун. Во евентуалното полуфинале МЗТ Скопје би вкрстил со подобриот од четвртфиналната двојка помеѓу Студентски Центар и Слобода Ужице.

Во плеј-аут натпреварите, екипата на Работнички ќе разгирува со екипата на Хелиос од Домжале, исто така во два натпревари. Победникот во овој двомеч обезбедува опстанок во ова друштво.

  • АБА 2 ЛИГА ДВОЈКИ – ПЛЕЈ-ОФ (ЧЕТВРТФИНАЛЕ)

(1) Студентски центар – (8) Слобода Ужице
(4) Младост Земун – (5) МЗТ Скопје Аеродром
(2) Спарс – (7) Златибор
(3) Борац Бања Лука – (6) Подгорица

  • ПЛЕЈ-АУТ

(11) Работнички – (14) Хелиос
(12) Ловќен – (13) Сутјеска

Во елиминационата фаза ќе се одиграат по два натпревари, а доколку двете екипи извојуваат по еден триумф, понатамошен пласман ќе обезбеди онаа која што вкупно ќе постигне повеќе поени. Засега нема официјални информации и детали за доигрувањето на АБА2 лигата, но најверојатно и овој дел ќе се игра турнирски.