МЗТ ќе брка АБА во Подгорица, Работнички без плеј-аут обврски

Се уште актуелниот македонски кошаркарски првак МЗТ Скопје ќе се бори за влез во најквалитетната АБА-лига, а „балонот“ тимовите во разигрувањето ќе го играат во Подгорица, Црна Гора.

Последниот турнир ќе се одвива во периодот од 19 до 26 април, на кој осумте екипи-четвртфиналисти ќе се борат за првите две позиции кои водат во елитната јадранска конкуренција. МЗТ својот прв натпревар ќе го игра на 20 април, а противник е Младост Земун.

За разлика од аеродромци, обврска во АБА-2 повеќе нема Работнички. Центарци требаше да играат за опстанок во плеј-аутот со словенечки Хелиос, но натпреварите се откажани поради пандемијата со коронавирусот.

Од Јадранската лига информираат дека сите екипи кои настапувале во АБА2 во сезоната 2020/2021 ќе имаат право на учество во сезоната 2021/2022 доколку тоа го стекнат преку националниот шмпионат или со доделување на специјална покана.