МЗТ убедливо го совлада Куманово и остана на врвот

Лидерот во кошаркарската Суперлига, екипата на МЗТ Скопје, продолжи да победува во домашниот шампионат и како домаќин со 92-57 славеше над Куманово.

Аеродромци одиграа еден доминантен натпревар, во кој диктираа темпо на игра и ниту еднаш не му дозволија на гостинот дека може да се понадева на изненадување во СЦ „Јане Сандански“. Разликата меѓу двата тима веќе беше евиднетна на полувремето, затоа што МЗТ славеше со 23-7 во вториот квартал и на пауза замина со огромни 47-25.

Најефикасен во триумфот беше Андреј Магдевски со 17 поени, Предраг Самарџиски постигна 16, додека Младеновски постигна 12 поени, а кај Куманово, Мекиќ и Ѓекиќ дадоа по 16 поени.

MЗТ Скопје во наредното коло гостува кај Гостивар, а Куманово е домаќин на Кожув.