• Мартин Танасковски

Екипата на МЗТ Скопје го заврши првиот дел од подготовките за новата сезона и сега следат пријателските кои ќе бидат за темпирање на формата.
Првата контрола за македонскиот првак е веќе утре и тоа на гости кај повеќекратниот грчки шампион Арис (17:00 часот), а потоа следуваат домашни пресметки против косовскиот тим Пеја (8 септември), Гостивар (14 септември) како и двомеч против бугарски Рилски спортист (18 и 19 септември).
Првиот официјален натпревар, пак, МЗТ Скопје ќе го одигра во домашниот Суперкуп против тимот на Феникс 2010, закажан за 23 септември во салата СРЦ „Кале“.