МЗТ со убедлив триумф кај Широки се врати на врвот во АБА2 лигата

МЗТ

По еден месец пауза МЗТ Скопје им се врати на натпреварите во АБА2 лигата и победи на гостувањето кај Широки Брег (78-91) во 11 коло од тековната сезона.

Првиот дел на мечот донесе израмнета игра. Првиот период им припадна на домашните кошаркари, кои беа за нијанса поефикасни од „штрковите“. Македонскиот првак возврати во продолжението пред паузата, кога успеа да ја зацврсти одбраната и замина во соблекувална со минимална позитива на семафорот (38-42).

Следуваше четвртината во која МЗТ ја направи клучната разлика. Избраниците на Александар Петровиќ беа расположени во нападот, а тоа им донесе двоцифрена предноста пред почетокот на четвртата четвртина. 

Аеродромци не застанаа тука и продолжија во исто темпо до крајот на дуелот. Тоа им овозможи да имаат мирна завршница, со оглед на високата залиха на своја страна. Дамјан Стојановски постигна 17 поени, а 14 поени запиша Немања Милошевиќ. Кај домашниот тим прво име беше Јосип Билиновац со 16 поени. 

За три дена македонскиот претставник ќе одигра уште еден натпревар, овојпат против Борац Бања Лука