МЗТ со прв пораз во Бања Лука, Слобода со пеколен втор дел стигна до бодовите

МЗТ Скопје

По минималната победа над Хелиос, МЗТ Скопје го запиша првиот пораз на турнирот во Бања Лука. Избраниците на Ѓорѓи Кочов беа целосно надиграни од Слобода (70-81) во 6. коло од АБА2 лигата.

Првиот дел помина без големи грижи за македонскиот тим. „Штрковите“ се надигруваа рамноправно и имаа егал на крајот од полувремето (37-37). 

Она што го одлучи мечот беше лошата серија на МЗТ во продолжението. Веќе по третиот квартал се најде на двоцифрена негатива од која веќе не се врати. Како што одминуваше времето, Слобода го полнеше кошот на нашиот претставник и рутински стигна до нови бодови во сезоната. 

Екипата од Ужице се стекна со „минималец“ на почетокот од вториот квартал (19-18), а во наредните натпреварот се претвори во рамноправен. Ниту една од двете екипи не направи разлика поголема од шест поени. Така беше по тројката на Олуџоби (33-27), како што стоеше на семафорот во салата „Борик“ по 17. минути од дуелот.

Но со серија од десет поени (примени три), екипата од Ужице успеа да ја анулира таа негатива, и да стигне до нов егал скор (37-37) со кој се замина на одмор. Со (5-0) тргна МЗТ Скопје во четвртината на одлука. Ја направија негативата едноцифрена (54-62). Но тоа беше и последниот напор на „сино-белите“ на овој натпревар по кој го запишаа вториот пораз во шестте одиграни.

Гравет со 22 поени беше најефикасен на теренот, а го следеше Олуџоби со 19. Кај српскиот тим се истакна Степановиќ со 20 поени.

Последниот натпревар за МЗТ Скопје во Бања Лука ќе биде за два дена, а противник ќе биде Студентски Центар.