МЗТ со фантастично второ полувреме го скрши отпорот на Спарс

МЗТ

Македонскиот претставник во АБА-2 лигата, МЗТ Скопје, ја запиша втората победа на стартот од новата сезона. Денес, „штрковите“ победија во Сараево против екипата на Спарс (65-77) и останаа перфектни по две одиграни кола.

Домаќинот парираше и беше во игра за победа само во првиот дел. Направи позитива во првата четвртина, но потоа избраниците на Ѓорѓи Кочов започнаа да играат како што најавуваа и ги добија сите преостанати периоди. На полувреме заминаа со минимална негатива, но се одлепија во наредните 15 минути и стигнаа до +13 на пет минути до крајот. Тоа беше доволно за први гостински бодови за МЗТ.

Хиндс со 23 поени беше прво име кај македонскиот тим, а го следеа Стојановски со 12 и Омот со 10 поени. МЗТ ја пречекува Рогашка во третото коло кое е закажано за една недела.

Во меѓувреме овој викенд избраниците на Кочов ќе дебитираат во домашниот шампионатот против Кожув на гостински терен.