МЗТ славеше на гостувањето кај дебитантот Академија ФМП

Кошаркарите на МЗТ Скопје одново покажаа сила и славеа триумф над Академија ФМП од 66-71, во салата „Независна Македонија“. Средбата од 15 коло на кошаркарската Суперлига беше неизвесна до полувремето, за по паузата шампионот да направи двоцифрена разлика. Иако домаќинот се врати во игра, немаше сили да пријде поблизу до бодовите. 

Со денешниот триумф, аеродромци се вратија на лидерската позиција со 12 триумфи и три порази. Најпрецизен играч на паркетот беше Дамјан Стојановски со 19 поени, еден повеќе од тимскиот колега Маслинко, додека кај ФМП најефикасен беше Блатон со 16.

Академците само на стартот имаа минимална предност, но не му дозволија на МЗТ Скопје да се одлепи и одржуваа резултатски приклучок. Втората четвртина стартуваше кобно за ФМП, кои до паузата анулираа предност од девет поени. На полувреме резултатот гласеше 33-34 во корист на гостите од Аеродром. 

Во продолжението од натпреварот клучната разлика, шампионот ја направи во третиот период од средбата кога поведоа и одржуваа двоцифрена позитива. Последниот квартал мина израмнето, Академија ФМП се обиде да се врати, но МЗТ Скопје искусно одржуваше пристоја разлика. 

Пред кошаркарите е двонеделна пауза поради национални квалификациски дуели, а по неа ФМП гостува кај Вардар, додека МЗТ Скопје го пречекува Динамик во рамките на втората АБА лига.