МЗТ Скопје Уни Банка го задржа плејмејкерот Борјан Стојановски

Екипата на МЗТ Скопје Уни Банка го продолжи договорот на младиот Борјан Стојановски кој ќе игра за младите „штркови“ и во сезоната 2020/21. 

  • Потврда на потписот: 

19-годишникот кој игра на позицијата организатор на играта и во наредната година ќе игра во Првата кошаркарска лига за вториот тим на аеродромци. 

Младиот плејмејкер на МЗТ Скопје има и настапи во Јадранската лига за играчи до 19 години, кога оваа екипа играше во сезоната 2017/18.