МЗТ Скопје слави во првиот од двата теста со Рилски спортист

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром дојдоа до втор триумф во подготвителниот период. По поразите од Арис и Пеја, „штрковите“ врзаа две победи со Гостивар и сега со Рилски спортист. Бугарскиот тим падна во СЦ „Јане Сандански“ со убедливи 82-65. 

Македонскиот шампион добро влезе во натпреварот и направи разлика уште во првата четвртина (30-14). До полувремето Бугарите немаа сили да се вратат и на одмор се замина со 51-34. 

Во продолжението, Рилски спортист се консолидира, а и Васко Атанасов им даде шанса на помладите. МЗТ ја задржа предноста до самиот крај и запиша победа во првиот од двата теста со бугарскиот ривал. Најдобар поединец на средбата беше Марко Баковиќ со 16, додека еден помалку уфрли Танасковиќ. Двоцифрен учинок имаа Крстевски со 11 и Миловановиќ со десет. 

Веќе денес МЗТ и Рилски ќе го одиграат вториот планиран пријателски меч во 17:00 часот.