МЗТ Скопје слави во дербито со пелистерци во Битола!

Кошаркарите на МЗТ Скопје славеа во дербито против Пелистер (67-72) во шестото коло на Суперлигата на Македонија. Шампионот се избори за важна победа на гостувањето во Битола против еден од конкурентите за титулата. За екипата на Борче Даскаловски ова е прв пораз сезонава по пет последователни победи.

  • Комплетниот натпревар меѓу Пелистер и МЗТ Скопје:

Првиот период беше целосно израмнет, двете екипи се менуваа во водството, а аеродромци водеа минимално по првата четвртина. Пелистерци беа подобри во вториот период, притискаа и имаа водство во поголем дел од периодот, а на полувремето се замина со 32-29. 

„Штрковите“ во продолжението го презедоа приматот, почесто водеа и во следниот период беа подобрата екипа, иако на крајот водеа со само два разлика (49-51). Последната четвртина им припадна на аеродромци кои заиграа подобро, се одлепија на двоцифрени +10, а иако имаа пад на крајот забележаа победа. Дуелот траеше повеќе од два часа и заврши со три исклучувачки лични грешки за пелистерци - за Никола Малешевиќ, тренерот Борче Даскаловски и директорот Филип Ивановски. 

Најефикасен играч на мечот беше Мекејден со 20 поени, а Гил го заврши мечот со 17 поени и 11 скока, додека кај пелистерци со 17 поени финишира Бобан Стајиќ.