• Мартин Танасковски

Македонскиот кошаркарски првак МЗТ Скопје Аеродром објави разделба со еден од македонските играчи во ростерот.
Нашиот најдобар колектив во моментов ја информира јавноста дека спогодбено е прекината соработката со Оливер Двојаковски, кој во вториот дел од минатата сезона дојде во тимот на аеродромци.
Од МЗТ Скопје му се заблагодарија на Двојаковски за ангажманот и професионалниот пристап во периодот поминат во редовите на тимот и му посакаа многу успех во понатамошната кариера.












