МЗТ Скопје се раздели и со плејмејкерот Брендон Слај

Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје откако вчера објави дека е прекината соработката со Марко Баковиќ, сега се раздели со Брендон Слај. 

Американскиот плејмејкер повеќе не е член на „штрковите“ откако двете страни денес потпишаа спогодбен раскин на договорот. Слај пристигна во МЗТ ова лето и беше еден од лидерите на тимот, меѓутоа веројатно дојде до проблеми и тој замина од редовите на аеродромци. 

Во првенството Слај одигра девет натпревари и имаше просек од 14,3 поени, додека во АБА-2 лигата на пет средби бележеше нешто повисок просек од 14,8 поени. 

МЗТ Скопје денес објави соопштение во кое објасни дека нема да толерира никакво лошо однесување на поединци, па во таа насока оди разделбата со Баковиќ и Слај.

<<< - ПОВРЗАНО - Соопштение од МЗТ Скопје: Никој не е поголем од клубот, време е за крај на шпекулациите