• Горан Упале

По вчерашната обнова на договорите со браќата Дамјан и Војдан Стојановски, денеска МЗТ Скопје го промовираше првото странско засилување за следната сезона – Американецот Брандон Слај.
Станува збор за искусен бек-шутер со петгодишно европско искуство и двоцифрен поентерски просек во секоја од екипите за кои настапувал. Тој добро ги знае приликите во регинот, со оглед што минатата сезона ја мина во дресот на Подгорица, каде што реализираше по речиси 15 поени.
Слај претходно одигра две години во Грузија, во екипите на Вера и Тбилиси, а потоа беше дел од романскиот тим Таргу Жиу и фински КТП баскет.
Актуелен договор со МЗТ Скопје Аеродром имаат Бојан Крстевски, Марин Петков, Андреј Андоноски и Марко Миловановиќ, додека во следниот период од клубот ќе информираат за дополнителните засилувања.