МЗТ Скопје потврди: Емил Рајковиќ е нов тренер на шампионот

Поранешниот тренер на Фени Индустри и Сласк Вроцлав Емил Рајковиќ и официјално е назначен за тренер на шампионот на Македонија, МЗТ Скопје.

Денес на официјалната прес-конференција беа потврдени најавите дека младиот стручњак ќе го наследи Александар Јончевски, кој ќе остане во стручниот штаб и ќе биде негов помошник.

Рајковиќ ќе има тешка задача со металците во премиерното издание на Еврокупот и АБА лигата, каде се најде во доста тешка група со Уникаха, Баерн Михен, Мурсија, Зенит и Будуќност.