МЗТ Скопје потврди дека завршниот турнир во АБА2 ќе биде од хуманитарен карактер

Марко МЗТ

МЗТ Скопје Аеродром ќе биде домаќин на завршниот турнир во тековната сезона од регионалната АБА2 лига.

Македонскиот првак потврди дека турнирот ќе биде од хуманитарен карактер. Сите средства собрани од продажба на влезници ќе завршат кај фондацијата „Марко Божиновски“, која потоа ќе ги пренасочи собраните средства онаму каде што е најпотребно.

Во продажба ќе бидат пуштени блок билети, кои ќе чинат 300 денари и ќе важат за целиот турнир, како и поединечни влезници за секој натпревар по цена од 100 денари.

Завршницата во регионалната лига ќе се одржи во Скопје од 13 до 17 април.