• Иван Димовски
Репрезентативецот на Девствените острови Дион Едвин е четврто странско засилување за МЗТ Скопје пред стартот на новата сезона.
31-годишниот бек шутер пристигна во Скопје и потпиша договор со „штрковите“ за следната сезона. Се работи за кошаркар кој пред седум години пристигна во фински КТП. Потоа имаше настапи за Химик, Киев Баскет и Прометеј, пред во 2022 година да заигра и за Работнички.
Авантурата во Скопје му беше кратка и потоа се пресели во унгарски Атомерому, додека минатата сезона ја мина во ДЕАК од Дебрецен и имаше просек од 13,3 поени, 5,3 скока и асистенции.
МЗТ Скопје го комплетира ростерот на кошаркари за следната сезона со ангажманот на Дион Едвин. Покрај него, во тимот се уште Брандон Слај, Марко Баковиќ, Милош Копривица од странцитте, а од домашните кошаркари се браќата Стојановски, Бојан Крстевски, Андреј Магдевски, Андреј Маслинко, Марин Петков, Андреј Андоноски и Марко Миловановиќ.
Стартот на сезоната за МЗТ ќе биде на 24 септември во „Јане Сандански“ против Теодо Тиват и почетокот на АБА-2 лигата.