МЗТ Скопје потпиша нов Американец, на тимот ќе се приклучи Феми Олуџоби

Екипата на МЗТ Скопје доби засилување како што беше најавено од техничкиот директор Тони Грнчаров, а во Аеродром пристигна Феми Олуџоби. 

Американецот има 23 години и игра на позицијата крилен центар, но и покрај висината важи за многу брз и агилен играч. Играчот потпиша првичен договор до крајот на сезоната, а пристигнува од Лиеткабелис, Литванија. 

  • Официјална потврда за трансферот: 

Олуџоби ја игра првата професионална сезона, а претходно настапуваше за универзитетите Оукленд и Депол во НЦАА лигата. Младиот играч ќе има време да се вклопи и запознае со новите тимски колеги, а прв пат ќе го облече дресот на МЗТ Скопје на 27 февруари кога гостува Динамик во рамките на втората АБА лига.