МЗТ Скопје: Подготвени сме за реванш за поразот во првиот дел 

По подолго време љубителите на македонската клупска кошарка ќе можат да уживаат во најголемото дерби на нашите паркети, меѓу вечните ривали МЗТ Скопје и Работнички. 

Домаќин ќе биде шампионот Работнички, односно дербито ќе се игра во салата „Градски Парк“, која сигурно ќе биде исполнета до последно место, а во продолжение прочитајте како МЗТ го најави овој кошаркарски спектакл: 

„Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром немаат време за одмор, со оглед што само два дена по исцрпувачкиот натпревар со Сутјеска во АБА2 ќе го одиграат дуелот против најголемиот ривал на домашна сцена, Работнички и тоа утре (17:30 часот) во „Градски Парк“.

Без разлика на сè, „сино-белите“ се решени да го дадат својот максимум за да му се реваншираат на вечниот противник за поразот во првиот дел од сезоната. Противникот поодморен влегува во натпреварот, но избраниците на тренерот Ѓорѓи Кочов веруваат во сопствениот квалитет и најавуваат борба за секоја топка и за секоја педа од теренот.

Аеродромци нема да бидат сами во „Градски Парк“, со оглед што се очекува присуство од околу 200 навивачи на нашиот тим, чија поддршка од трибините и тоа како ќе ни биде потребна. Се најавува мобилизација меѓу сите на кои МЗТ Скопје им е во срцето што значи дека ќе се бара билет повеќе за делот од трибините кои ќе биде наменет за нашите фанови“