МЗТ Скопје новата сезона во АБА2 ја отвора со Слобода, а ја затвора со Сутјеска

Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје и во новата сезона ќе биде дел од АБА2 лигата. По ждрепката одржана пред неколку дена „штрковите“ ги дознаа ривалите за групната фаза. Второлигашкото друштво повторно ќе се игра по систем со четири групи, а МЗТ Скопје се најде во групата Ц.

Македонскиот тим сезоната ќе ја започне на крајот од септември против Слобода, а последниот натпревар ќе го одигра против Сутјеска.

Комплетниот распоред на натпреварите на МЗТ Скопје во АБА2:

Првопласираните екипи директно ќе обезбедат место во плејофот, додека второ- и третопласираните ќе мора да минат низ плејин-фазата.