МЗТ Скопје носи нов искусен плејмејкер од САД!?

Екипата на МЗТ Скопје е на прагот да донесе искусно засилување за продолжението од сезоната и е пред официјализација на Френк Тарнер од Соединетите Американски Држави.

32-годишниот кошаркар последен пат настапуваше во Унгарија, каде ги носеше дресовите на Корменд и Алба Фехервар. Има искуство и во повеќе европски земји, меѓу нив Франција, Германија, Романија, Бугарија...

Во биографијата на 178 сантиметри високиот кошаркар има екипи како Клуж, Рилски Спортист, Антверп, Провенс, Трефл Сопот, Ајфел Тауерс... Тарнер беше шампион на Холандија во 2012, шампион на Бугарија во 2016, а во 2012 година беше дел и од идеалниот тим на холандскиот кошаркарски шампионат.

Френк Тарнер доколку се официјализира ќе биде од голема корист за тренерот Ѓорѓи Кочов, како на домашната сцена, така и на меѓународната, во АБА-2 лигата.