• Мартин Танасковски

Македонскиот кошаркарски првак МЗТ Скопје ја продолжи доминацијата на домашната сцена со триумф над Гостивар (84-73) во рамки на 15. коло од машката кошаркарска Суперлига.
Аеродромци пред својата публика одиграа по планот и не видоа мака против Гостивар кој е во долниот дел на табелата и се бори за опстанок. На клупата на гостиварци имаше и нов тренер, дебитираше Перо Блажевски како нов шеф на стручниот штаб.
Околу мечот, три од четирите четвртини беа израмнети, но резултатот цело време беше во корист на МЗТ Скопје. Фаворитот до посакуваната победа зачекори по паузата, кога во третиот квартал славеше со високи 26-16.
- Комплетниот натпревар меѓу МЗТ Скопје и Гостивар:
Мекејден беше прв стрелец кај победникот со 23 поени, пред Танасковиќ со дабл-дабл учинок од 18 поени и 15 скока, додека кај Гостивар најмногу се истакна Србинот Црниќ кој заврши со 21 постигнат поен.







