• Иван Димовски
Кошаркарите на МЗТ Скопје забележаа втора победа во групната фаза на АБА-2 лигата, вторпат против Теодо Тиват, а овојпат како гостин со 65-70. Македонскиот првак иако остана без шанси за втора фаза, ја исполни својата задача на последното сезонско гостување во јадранското друштво.
„Штрковите“ отворија перфектно во Тиват со огромни 0-17 уште на почетокот. Првиот период во целост му припадна на македонскиот првак кој стигна и до „плус 25“ и 7-30 по десет минути игра. Теодо се консолидира во втората четвртина, предноста почна да се топи и пред паузата домашните стигнаа до 35-41. На полувреме се замина со двоцифрени 35-45 за скопјани.
Реализацијата драстично опадна во второто полувреме, МЗТ одржуваше предност во третиот квартал, а го заврши со 46-53. Црногорците во целост се вратија во одлучувачкиот период. Предноста на МЗТ Скопје се „стопи“ и набргу домашните стиднаа и до прва предност (57-56).
Во драматична пенал-завршница аеродромци издржаа и триумфираа на ова гостување на крајот со 65-70.
Кај МЗТ се истакнаа Брендон Слај и Марко Баковиќ со по 14 поени, додека кај домашните 17 уфрли Кусовац.