МЗТ Скопје и Пелистер ден порано ќе го одиграат дербито во Првата лига

Екипата на Пелистер му излезе во пресрет на македонскиот претставник во АБА2 лигата, МЗТ Скопје и прифати нивниот меѓусебен дуел, кој ќе биде прв оваа сезона да се одигра еден ден порано од предвиденото. 

Така, дербито кое би требало да ни даде многу појасна слика за квалитетите на двете екипи, наместо во сабота ќе се одигра утре од 20:00 часот, а причината е заради патувањето на „аеродромци“ во Баља Лука, каде и чека предизвици од АБА2 лигата. 

Пелистер игра фантастично оваа сезона и по седум натпревари има исто толку победи, додека МЗТ Скопје е на осмата позиција на табелата со три победи и два порази.

Ден порано ќе се игра и натпреварот меѓу Академија ФМП и Работнички, кои ќе се сретнат в петок од 18:30 часот, во спортската сала „Независна Македонија“.