• Иван Димовски

Македонскиот кошаркарски првак размислува и на иднината, па со нов договор го врза младиот и перспективен Марин Петков.
21-годишникот не мрда од редовите на „штрковите“ и стави потпис на соработка до 2027 година. Петков минатата сезона пристигна во МЗТ и се покажа во солидно светло. Во главно беше резервист, меѓутоа тренерот Атанасов и управата во него гледаат иден носител на играта.
Иако имаше активен договор до следното лето, од МЗТ не сакаа да препуштат ништо на случајност и го „врзаа“ Петков на уште три сезони.
Минатата сезона Марин Петков одигра преку 40 натпревари со половична минутажа, забележа 5,3 поени и 2,7 асистенции во просек.