ФОТО: МЗТ Скопје го прими ланскиот Куп-пехар во трајна сопственост

Актуелниот Куп-освојувач МЗТ Скопје на прес-конференцијата пред новото издание на Купот го прими ланскиот пехар во ова натпреварување во трајна сопственост.

Спортскиот директор на МКФ, Владимир Темелковски, им го врачи Куп-пехарот во трајна сопственост на тренерот Ѓорѓи Кочов и македонскиот репрезентативец Дамјан Стојановски. МЗТ Скопје во ланското финале беше подобар од Работнички, во дуел кој се играше во Кавадарци.

Во новото издание на Купот, МЗТ Скопје ќе тргне во меч против Кожув, а во полуфиналето ќе игра со Работнички или Куманово.