МЗТ Скопје го надигра ЖКК Вардар и се доближи до второто место

Како одминуваат натпреварите односно првенствените кола, така се понеизвесна станува трката за водечките позиции на табелата во Првата женска кошаркарска лига. Откако бранителот на титулата, екипата на Баскет Лам 2011 излезе како победник на гостувањето во Куманово, во најинтересниот меч од 13. коло, екипата на МЗТ Скопје како „домаќин“ во салата на СРЦ „Кале“, стигна до особено важна победа против „гостинот“ ЖКК Вардар, со резултат 72-66.

Максимално изедначено се играше во првиот период во кој двете екипи поделија по 20.поени. А до полувремето, „гостинките“ беа тие кои имаа предност (39-35). Истото „растојание“ беше и на истекот на третиот дел (51-47), а пресвртот,  девојките во „сино-бела“ го направија во последните десет минути, за конечни 72-66.

Натпреварот го „изнесе“ стартната петорка на МЗТ Скопје, Томас реализира 31, а нејзината американска сонародничка Гејтон додаде 14, а Митева имаше 15 поени. Кај ЖКК Вардар, Матие оствари двоен ефект од 17.поени и 11 скока, Димитријевиќ постигна 12, а Деловска имаше уште 10 поени.

Претходно Бадел 1862 без никакви проблеми стигна до планираните бодови во дуеоот со Струга 2009 (103-56). Доминираше странскиот „трилинг“ Томпсон-Техеда-Баркли, кој искомбинира 62. поени.

На коло пред крја на првата фаза, а по поразот на Вардар, сега Баскет Кам 2011 е осамен на првото место во вкупниот поредок. 

Прва А лига (ж) 
14. коло:

10 февруари
13:00: Баскет кам 2011 – МЗТ Скопје Аеродром
14:30: Пробаскет – Бадел 1862

11 февруари
18:00: ЖКК Вардар – Крива Паланка

14 февруари
18:00: Струга 2009 – Куманово-Гризли

Прва Б лига
11. коло:

10 февруари
11:00: Јан Бор - Шкупи
12:00: Гостивар – Риниа
15:00: Охрид – Спорт тим
19:00: Тим Арена - Пониква 2022