МЗТ Скопје го надигра првакот на Косово во претсезонски тест натпревар

Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје го совлада првакот на Косово, Сигал Приштина со 100-82 во подготвителен натпревар за новата сезона. Кочов им даде шанса на сите кошаркари, а откако предноста по три квартала се искачи на преку 20 поени, шанса добија помладите кошаркари. 

Морнар со 24 поени и 11 скока се истакна меѓу „штрковите“, а со ист број на поени го следеше Симоновски имаше ист број на поени. Одличен натпревар одигра и Омот со 12 поени и седум скока.

По победите над Гостивар и Вардар, ова е трет триумф за МЗТ Скопје. Експедицијата на клубот од Аеродром се сели во Орадеа (Романија), каде што ќе настапи на силен меѓународен турнир.