МЗТ Скопје договори репрезентативец за новата сезона!

Актуелниот кошаркарски првак на Македонија, екипата на МЗТ Скопје, почна со формирање на ростерот за следната сезона и добива уште еден репрезентативец во своите редови.

„Штрковите“ го потпишуваат Лука Стојановски, 26-годишен бек шутер и актуелен репрезентативец на Македонија. Доаѓа од Пелистер, за кого настапуваше од 2023 година и се очекува да биде важен дел од тимот.

Стојановски професионалната кариера ја започна токму во МЗТ Скопје, за кого настапуваше од 2018 до 2019 година, а потоа преку Академија ФМП од Скопје и Еуро Никел од Кавадарци, замина во тимот на Пелистер.