МЗТ „раскина“ со Младеновски, центарот ќе се пробува во странство

Македонскиот кошаркарски репрезентативец Љубомир Младеновски повеќе не е член на МЗТ Скопје Аеродром, откако играчот и клубот постигнаа заедничка согласност за раскин на договорот кој имаше важност и за следната сезона.

Од клубот информираат дека високиот центар изразил желба повторно да се проба во странство, по што управата на актуелниот шампион решила да му излезе во пресрет односно да не му пречи во обидот да оствари интернационална кариера.

Младеновски сезонава одигра 16 средби во АБА2-лигата и на дуелите на кои играше оствари просек од 4,9 поени и 3,3 скока. На домашна сцена, пак, одигра 31 средба со просек од 7,8 поени и 6,4 скока.

Репрезентативецот во МЗТ се врати на почетокот на минатата сезона, по одлични игри во словенечка Илирија.