• Иван Димовски

Кошаркарите на МЗТ Скопје играат еден од клучните натпревари за опстанок во АБА лигата, против екипата на Игокеа во рамките на 22. коло. Босанскиот тим е еден од директните конкуренти на „штрковите“ во битката за избегнување на последните две места, па средбата во СЦ „Јане Сандански“ е од огромна важност.
Избраниците на Драган Николиќ доаѓаат во овој натпревар со победа над Куманово, меѓутоа само два дена претходно и лош пораз од Мега Баскет. На тој меч во Србија, кошаркарите на македонскиот првак потфрлија во многу сегменти, дозволија најмладиот тим во АБА да ги изненади и надмудри. Сепак, влогот е голем, поддршката од трибините и „Фемили Аеродром“ ќе биде тука, па на „штрковите“ не им останува ништо друго освен напад на победата.
Босанскиот тим во претходното коло на јадранската лига ставија крај на црната серија од 12 порази во сите конкуренции, откако го совладаа ФМП кој исто така е во лоша форма. Нема сомнжен дека Игокеа исто како и МЗТ гледа шанса во денешниот натпревар, меѓутоа нема да минат лесно во Скопје.
Клучниот натпревар меѓу МЗТ Скопје и Игокеа се игра во терминот од 17:00 часот.