• Мартин Танасковски

Екипата на МЗТ Скопје забележа победа над Пелистер (80-75) во првиот натпревар од серијата до две победи во полуфиналето на плеј-офот на македонската кошаркарска Суперлига, па така „штрковите“ се наоѓаат на еден триумф од место во големото финале.
- Компелтниот натпревар меѓу МЗТ Скопје и Пелистер:
Актуелниот владетел во мак-баскетот загуби во претходното соочување со Пелистер кога водеше битка за првото место, а и во овој меч имаше проблеми во третиот квартал, кога му дозволи на противникот да ја наметне својата шутерска игра и да го презеде водството.
Сепак, со серија на отворањето на четвртиот период, МЗТ ги презеде работите во свои раце и не остави ништо на случајноста до финишот, за победа во Аеродром и предност од 1-0 во полуфиналната серија.
Најдобар поединец кај МЗТ Скопје беше Андреј Маслинко со 15 поени, пред Смит-Мекјуен со 13 поени и осум скока, додека кај Пелистер се истакнаа Дејвис со 23 и Малешевиќ со 21 поен. Следниот натпревар од серијата се игра во Битола.




