• Саше Љолес
Екипата на МЗТ Скопје загуби од Сутјеска Никшиќ со конечен резултат 85-75 во првиот натпревар од новата сезона во АБА2 лигата.
Аеродромци започнаа малку во грч и се мачеа со реализацијата, но и Сутјеска не погодуваше неколку отворени шутеви, што резултираше со неефикасна прва четвртина (16-11). МЗТ заигра многу подобро во втората делница и ја доби во своја полза со 29-23, па така на паузата замина со минимална предност (39-40).
МЗТ беше добар и во третиот период, успеа да се одржи во егал, но следуваше мал пад на стартот од последната четвртина, кога Сутјеска стигна и до +7 поени. Дадоа максимум избраниците на Васко Атанасов повторно да се вратат во мечот, но домаќинот постигнуваше лесни поени и на крајот заслужено стигна до победата.
Најдобар поединец во победничкиот состав беше Стефан Митровиќ со 22 поени, а во редовите на МЗТ Скопје, Ноа Фарахан и Димитрије Николиќ забележаа 18, односно 17 поени.




