МЗТ лесно го преслуша Гостивар и закажа полуфинална серија со ТФТ

Кошаркарите на МЗТ Скопје без никакви проблеми славеа и во третиот натпревар од четвртфиналето во плеј-офот и го „размонтираа“ Гостивар со конечен резултат 70-96, со што ја комплетираа серијата со максимални 3-0. 

  • Комплетниот натпревар помеѓу Гостивар и МЗТ Скопје: 

Аеродромци тргнаа многу силно уште на почетокот и најавија дека немаат намера да се шегуваат, по што успеаја да создадат огромна разлика и на паузата водеа со 23 поени разлика, 27-50. 

Гостиварчани успеаја малку да се соземат и заиграа подобро во третата четвртина, но не успеаја да внесат некоја голема резултатска неизвесност и во последните десет минути беше јасно дека МЗТ само рутински ќе го одработи мечот до крајот. Конечната победа беше изразена со резултат 70-96 и „металците“ ќе се подготвуваат за полуфиналната серија, каде за противник ќе го имаат тимот на ТФТ Mozzart. 

Најефикасен играч на денешниот меч беше Харис Делалиќ со 23 поени, Марко Баковиќ додаде уште шеснаесет, додека кај Гостивар прво име беше Џејлен Инграм со 21 постигнат поен.