МЗТ лансира нов „бисер“ на Јадранот – Димитар Иванов (ВИДЕО)

Македонскиот кошаркарски првак МЗТ Скопје со победа над домаќинот Златибор (71-90) ги затвори настапите во „балонот“ во Златибор, а овој натпревар е од голема важност за еден од талентите.

„Штрковите“ лансираа нов кошаркарски бисер во јадранското натпреварување, а тоа е 17-годишниот Димитар Иванов. Младиот бек доби шанса во последниот квартал и ги запиша првите поени во АБА-2 лигата.

  • Првите поени на Иванов во регионалното натпреварување:

МЗТ Скопје е сигурен во плеј-офот и оваа година ќе разигрува за враќање меѓу најдобрите екипи во балканскиот кошаркарски шампионат.