МЗТ и репрезентативецот се разделија: Симоновски си замина од Аеродром 

Македонскиот репрезентативец Марко Симоновски повеќе не е повеќе член на МЗТ Скопје Аеродром, откако денес двете страни со взаемна согласност и на обострано задоволство потпишаа раскин на договорната соработка.

Искусниот бек-шутер од 2016 година беше дел од македонскиот шампион и имаше свој придонес во последните две освоени титули, како и на таа во 2015 година во својата прва сезона во сино-белиот дрес.

Од редовите на МЗТ Скопје Аеродром му се заблагодарија на 30-годишниот кошаркар за сѐ што досега прикажал, носејќи го нивниот дрес и му посакаа сѐ најдобро во продолжението од кариерата.

Македонскиот репрезентативец  кариерата ја почна во Вардар, чиј дрес го носеше до 2009 година, кога се реши за трансфер во Работнички, каде настапуваше во уште два наврати. Во домашниот шампионат уште играше и за Фени Индустри и на Куманово, а една сезона беше дел од австрискиот прволигаш Аркадиа.