ВИДЕО: Играчите и „Фемили“ заедно го прославија враќањето во јадранската елита

Кошаркарите на МЗТ Скопје следната сезона ќе се натпреваруваат во најсилната АБА лига, без оглед на резултатот во финалето на АБА2 турнирот в недела против Златибор. Со триумфот над Широки Брег, аеродромци се пласираа во битката за трофејот, а бидејќи ривалот не може да игра директно во Јадранската лига, дури и да победи во финалето ќе мора да игра бараж. 

Полуфиналната пресметка во СЦ „Јане Сандански“ слично како и четвртфиналната, беше проследена од солиден број на навивачи. Меѓу нив, константно најгласни беа најверните „Фемили Аеродром“. По последниот звук на сирената и тешко извојуваната победа, фановите прославија заедно со играчите кои ги поздравија нивните песни. 

  • Видео од славјето на играчите и „Фемили Аеродром“:

МЗТ Скопје в недела ќе се бори за трофејот во втората АБА лига против Златибор во 19:00 часот. „Штрковите“ најавија напад на титулата првак во лигата, ама радува фактот што по четири години се враќаат во јадранската елита.