МЗТ го засилува вториот тим, потпиша со Митков

МЗТ Скопје Уни Банка донесе ново име во своите редови и успеа да постигне договор со Блажо Митков.

Митков, кој има 23 години и настапува на крилните позиции, постигна договор за едногодишна соработка со тимот од Аеродром. Доаѓа од редовите на гевгелиски Кожув, а претходно настапуваше и за Вардар. Исто така, Митков е и репрезентативец на Македонија во „3х3“.

МЗТ Скопје Уни Банка опстана во елитата, затоа што во прекинатото првенство немаше испаѓање. Претходно, во вториот тим на „штрковите“ соопштија дека ќе останат Стефан Митрев и Борјан Стојановски.