МЗТ го потврди трансферот, Стојан Ѓуроски официјално стана „штрк“!

Актуелниот македонски кошаркарски првак, МЗТ Скопје ги потврди најавите на Gol.mk, откако на својата интернет страница го официјализира трансферот на македонскиот репрезентативец Стојан Ѓуроски.

24-годишниот Ѓуроски, кој е висок 203 сантриметри, настапува на крилните позиции и би требало за актуелниот шампион да биде од голема помош на наредните средби. МЗТ Скопје има проблеми со повредите, моментално надвор од паркетот се Ѓорѓе Дреновац, Шарлон Клоф и Марко Симоновски, па така како алтернатива е донесен македонскиот репрезентативец. Во дресот на македонскиот шампион кошаркарот ќе дебитира в недела на гостувањето кај Мега Лекс.

Репрезентативецот минатата сезона настапуваше за Работнички и Кожув, а зад своето име тој има и настапи за бугарски Левски, како и четиригодишен период во американската НЦАА-лига во дресот на Луизијана.