МЗТ Скопје го освои турнирот „Андреј Грковски“, Петков е МВП

Трета убедлива победа за МЗТ Скопје во претсезоната, овој пат против ТФТ (81-56) во финалната средба од турнирот "Андреј Грковски" кој во изминатите денови се одигра во СРЦ „Кале“.

Сино-белите беа подобри во сите 40 минути и константно ја зголемуваа предноста од првиот до последниот момент. Андреј Магдевски беше најпрецизен со 15 поени и седум скока, Марин Петков реализира 11 поени, додека Војдан Стојановски и Марко Баковиќ постигнаа по девет поени.

Младиот Петков има и двојна причина за славје, со оглед што го доби признанието за најкорисен (МВП) кошаркар на турнирот.