МЗТ чека на Приморска за АБА, Работнички е дебитант на Јадранот

Челниците на АБА лигата одржаа нов видео конференциски состанок со претставниците и одлучено беше дека АБА и АБА 2 лигите ќе се состојат од 14 екипи до 2024/25 година. 

Скопски Работнички ќе го има својот дебитантски настап на јадранската сцена и ќе играат во вториот ранг на АБА лигата, а место има резервирано и за МЗТ. 

Сепак, аеродромци ја очекуваат разврската од ситуацијата со Приморска, која денес уверуваше дека ќе ја добие лиценцата. Доколку тоа не се случи, МЗТ ќе се врати во елитното друштво на јадранот. 

Новата сезона во АБА лигите ќе започне на 19 септември со регуларниот дел кој ќе се игра до 28 март, додека плеј-оф сегментот е планиран за четврти април.