МЗТ Бела вода ги изненади фаворизираните вардарки

Викендов продолжи женскиот кошаркарски шампионат на Македонија. Изненадувачка победа реализираа кошаркарките на МЗТ Бела вода на свој терен против фаворитот. екипата на Вардар (67-51).

Одлични минути имаше американскиот двоец во домашната екипа, Херд и Корли, кои искмобинираа 43 поени, кои со оние 11. кои дојдоа од Милосављевиќ му пресудија на ко-лидерот на табелата во првиот дел од сезоната, во чии редови четири кошаркарки завршија со најмалку десет реализации. Најмногу 14 поени, имаше Елена Тасевска, додека по 10 постигнаа Митева. Пислевска и Трајковска (имаше и неверојатни 20 скока).

Кошаркарките на Бадел 1862 лесно стигнаа до петтиот триумф во првенството откако славеа убедливо на гостувањето во Неготино со 52-99. Петрушевска реализираше 16 поени, Бошкова заврши со 14 поени а сестрите Чолакоски во убедливиот триумф помогнаа со по 10 поени. Во домашната екипа, Динова реализираше 15 поени, Леова имаше 13, а Коцева 11.

Екипата на Пробаскет ја оправда улогата на фаворит и стигна до лесна победа на гостувањето во Делчево (45-95). Јовановиќ реализираше двоен ефект од 24 поени и 11 скока. Томас заврши со 19, Петровска имаше 18, а Спасова уште 12 поени во екипата-победник. Во поразената. Рашова даде 15, а Ангеловска имаше 13 поени.