• Саше Љолес

Регионалната кошаркарска АБА лига официјално објави дека во иднина признанието МВП (за најкорисен играч) ќе го носи името на прерано починатиот Дејан Милојевиќ.
Успешниот српски тренер трагично го загуби животот како последица на силен срцев удар, а тој всушност е вистинска легенда во јадранското друштво, затоа што во активната кариера беше рекордер во АБА лигата со три освоени МВП признанија.
Милојевиќ е сопственик и на уште неколку индивидуални рекорди, меѓу кои и оној по најголем број индексни поени на еден натревар (дури 59), а го оствари како играч на Будуќност во дуелот против Ловќен на 3 јануари 2004 година. По завршувањето на играчката кариера, комплетно се посвети на тренерската работа, а смртта за жал го затекна во најславните денови, кога работеше како асистент на Стив Кер во Голден Стејт Вориорс.